понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

ТК Бутел со доминација на скопските спортски награди

ТК Бутел со доминација на скопските спортски награди

Дејан Георгиевски повторно е прогласен за најдобар сениор спортист во Скопје, Филип Додевски на третата позиција како најдобар сениор спортист во главниот град.

Дарко Георгиевски е меѓу најдобрите спортистите во младинската конкуренција, сите тројца членови на Таеквондо Клуб Бутел

-Мала стручна напомена: Врвните спортски резултати во олимписки спортови, во споредба со неолимписки спортови во ниту една развиена спортска држава не можат да бидат ниту предмет на споредување. Од многу јасно разбирливи причини. Таеквондо Клуб Бутел повторно со најдобри пласмани во градот Скопје и Македонија, информира Дарко Костовски, градоначалник на Бутел и тренер.