Во својата дебитантска сезона во Формула 1, Мик Шумахер, ќе се натпреварува под бројот „47“ во тимот на Хас. Шумахер јуниор беше исклучително успешен во послабите категории и се очекува да има одлична кариера, а воедно објасни зошто ќе се натпреварува под овој број.
Имено, со бројот 4 стана шампион во Формула 3, додека бројот 7 претставува повеќе работи за него, но најважна е седумте шампионски титули на неговиот татко Михаел.
Патем, бројот 47 е исто така збир на деновите во месецот на родендените на неговата, мајката и таткото.
Мик Шумахер е многу близу да стане шампион во Формула 2, а моментално е лидер во тоа натпреварување.