Најдобриот квотербек на сите времиња, Том Брејди го продолжи договорот со Тампа Беј Баканиерси, откако оваа сезона го освоија трофејот на Супербоул.
Брејди кој има 44 години, најави дека нема во план да се откаже од НФЛ и сè уште сака да игра на највисокото ниво во американскиот фудбал.
Тој стави потпис на четиригодишен договор, но по наредната сезона ќе има опција за прекинување на соработката доколку посака.
Брејди во наредната сезона ќе инкасира 25 милиони долари, исто колку што доби и за претходната.