среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ТРАГЕДИЈА: Гром усмрти 23-годишна сурферка на тренинг

ТРАГЕДИЈА: Гром усмрти 23-годишна сурферка на тренинг

Салвадорската сурферка Катарине Дијаз го загуби животот по удар на гром за време на тренингот за претстојните квалификациите за пласман на Олимписките игри во Токио, соопшти денеска Меѓународната сурферска федерација (ISA).

Несреќата се случила непосредно откако 23-годишната Диаз влегла во водата.

Салвадор од 29 мај до 6 јуни ќе биде домаќин на Светското првенство во сурфање, на кое седум најдобропласирани натпреварувачи, кои сè уште се без олимписка норма, ќе обезбедат настап на Олимпијадата во Токио. Сурфањето на претстојните летни Олимписки игри во јапонската престолнина за прв пат ќе се најде на олимписката програма.