вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Трагедија: Украински шампион во бокс убиен додека си ја бранел државата, имаше само 30 години

Трагедија: Украински шампион во бокс убиен додека си ја бранел државата, имаше само 30 години

Олег Прудкиј, 30-годишниот украински шампион во бокс, беше убиен во напад на руските сили врз градот Черкаси во централна Украина .

Според соопштението на градската полиција, тој го загубил животот со уште тројца полицајци додека бил на улица:

„На 22 мај, додека го бранеа суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, беа убиени наши колеги, полицајци во Единицата за специјални операции. Нема зборови за да се опише оваа болка и загуба. Ги наведнуваме главите пред нивните родители. Во нашето сеќавање ќе останат запаметени како искрени и принципиелни луѓе, добри пријатели и колеги. Изразуваме длабоко сочувство“, се вели во соопштението на полицијата.

Смртта на двократниот шампион на Украина во бокс ја потврди и неговата сопруга Маријана.

Во моментот на смртта имал 30 години, а зад себе оставил две ќерки.