На стартот на новата сезона во Twingo Cup што е во организација на Аутомотив Груп и АКК Рено Спорт Скопје, викендов се возеа две трки на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија како дел од календарот за 2022 година во кој има вкупно 12 трки на шест европски патеки. Владимир Тренески и Давид Малинковски победија на двете трки возени во неделата, а Малинковски заедно со Зоран Мираковски беа единствените возачи кои на двете трки успеаја да се качат на пиедесталот завршувајќи во Топ-3.
Актуелниот првак во првенството на Македонија во Twingo Cup, Малинковски е лидер во генерален пласман со 35 бода од двете трки.
Во Twingo Cup имаше викендов пријавени вкупно 33 возачи од повеќе држави, и покрај за бодување во ЦЕЗ, исто така овие трки се бодуваат и за првенствата на Словенија и на Македонија.
Следната трка се вози на почетокот на јуни на патеката „Ред Бул Ринг“ во Австрија.