Пандемијата нѐ затвори во нашите домови, па освен повремените прошетки или одењето на работа (за некои од нас), повеќето луѓе немаат физичка активност, барем не на ниво на редовен тренинг.
Имајќи ја предвид оваа вонредна ситуација фитнес инструкторката, Наташа Јовановска сними видео на кое покажува како изгледа целосен тренинг за целото тело, без тегови и друга опрема за вежбање освен мебелот и други предмети кои веќе ги имате во вашиот дом.
Почетниците и оние кои подолго време немале редовна физичка активност подобро е да прават по една серија, па да зголемуваат на две и евентуално три серии кога ќе стекнат цврстина и кондиција.
Оние на кои им недостига теретаната слободно може да прават по три серии и да си ги „отежнуваат“ вежбите онака како што покажува Јовановска – со зголемување на напорот или држење нешто тешко во рацете.