Претстојниот АТП Мастерс турнир во Мадрид ќе биде со присуство на публика. На шест дена до почетокот на турнирот, организаторот одлучи да бидат отворени трибините и тоа со капиацитет од 40 отсто.
Турнирот во Мадрид ќе се игра од 27 април до 9 мај.
„Ќе се игра со 40 отсто капацитет на трибините, што значи дека најмногу на еден меч, на трибините ќе може да има до 4.800 гледачи. Ова е значително помал капацитет од тој со кој располагаме, но едноставно мора да се гарантира безбедноста на навивачите и да се запази протоколот. Ние ќе бидеме прв спортски настан во Шпанија на кој ќе има публика и мора да бидеме одговорни“, стои во соопштението на организаторот на АТП Мастерсот во Мадрид.
Овој турнир минатата година не се одигра поради пандемијата со Коронавирусот.