среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Триумф на македонските одбојкари во Златната одбојкарска лига

Триумф на македонските одбојкари во Златната одбојкарска лига

Македонските одбојкари во драматичен меч ја остварија втората победа во Златната европска лига откако со 3-2 ја совладаа селекцијата на Хрватска.

Нашата репрезентација одлично го започна мечот, а првиот сет заврши во наша корист со 25-17, а откако избраниците на Јошко Миленкоски го добија и вториот со 25-22  поведовме со 2-0 во сетови.

Но, потоа хрватските одбојкарски репрезентативци го подигнаа нивото на играта, и возвратија со 25:22 во третиот сет, а го добија и драматичниот четврти сет со 31:29.

И во петтиот решавачки сет се водеше голема борба, кој го добивме со 16-14, со што победивме со 3-2.Никола Ѓорѓиев со 30 поени беше нашиот најдобар поединец на мечот, одличен беше и Љафтов со 15 поени.