петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Циципас го пропушта Лејвер купот поради повреда

Циципас го пропушта Лејвер купот поради повреда

Грчкиот тенисер Стeфaнос Циципас се повлече од настап на Лејвер купот поради повреда.

Претходно од Тимот на Европа се повлече и Данецот Холгер Руне, а на местото на Циципас ќе настапи 19-годишниот Французин Артур Филс, објавено е денеска на сајтот на натпреварувањето.

Најдобро рангиран играч во Тимот на Европа ќе биде шестиот светски тенисер, Русинот Андреј Рубљов, а негови соиграчи Норвежанецот Каспер Руд, Полјакот Хуберт Хуркач, Шпанецот Алехандро Давидович Фокина и Французинот Гаел Монфис.

За Тимот на Светот ќе настапат американските тенисери Френсис Тијафо, Тејлор Фриц, Томи Пол и Бен Шелтон, Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим и Франциско Серундоло од Аргентина.

Лејвер купот ќе се одржи од 22 до 24 ноември во канадскиот град Ванкувер.