недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

“Тур де франс“ во 2024 година ќе стартува од Италија

“Тур де франс“ во 2024 година ќе стартува од Италија

За прв пат во историјата „Тур де Франс“ ќе започне од Италија, а тоа ќе се случи во 2024 година, објавија организаторите на најпознатата друмска велосипедска трка во светот.

Италија ја доби таа чест во годината кога ќе се навршат 100 години од триумфот на Отавио Ботекија, првиот Италијанец кој успеа да ја освои титулата победник на најпрестижната велосипедска трка.

Трката 2024 ќе почне на 29. јуни, а првата етапа ќе се вози од Фиренца до Римини на јадранскиот брег. Втората етапа ќе биде на релација Чезенатико – Болоња, додека стартот на третата етапа ќе биде во Пјаченца, а целта во Торино.

Организаторите веќе најавија дека целта на трката ќе биде поместена од Париз во Ница, бидејќи француската престолнина е домаќин на Олимписките игри таа година, кои ќе започнат на 26. јули, пет дена по завршувањето на Тур де Франс.