Светскиот рекет број 1 во женска конкуренција, Австралијката Ешли Барти, поради повреда на левата нога, се откажа од настап на ВТА турнирот од серијата 500, „Катар Опен“, што е на распоредот идната недела, објавија денеска организаторите.
Барти денеска загуби во второто коло на ВТА турнирот во Аделаида од Американката Даниела Колинс со 6:3, 6:4, а истегнувањето на мускулот на левата нога ја мачи уште од Австралија Опен, каде го заврши настапот во четвртфиналето.
-За жал, морам да го откажам настапот на Катар Тотал Опен поради повреда на левата нога, изјави Барти, изразувајќи надеж дека ќе се појави на турнирот идната година. (МИА)