четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Турција е европски шампион во женска одбојка

Турција е европски шампион во женска одбојка

Женскатао дбојкарска репрезентација на Турција славеше против Србија со 3-2 во сетови, односно 25-27, 25-21, 22-25, 25-22 и 15-13 во финалето на Европското првенство (ЕП) за одбојкарки во Брисел.

Првиот сет беше неизвесен од почетокот до крајот, а Србија во финишот влезе со водство од 18-15, меѓутоа Турција се врати и набрзо се избори за сет-топка (24-23). Сепак, нашиот северен сосед се спаси и потоа со пресврт преку Тијана Бошковиќ го освои сетот.

Во вториот водеше Турција до крајот и го доби со 25-21, по што следеше повторно добра игра од Србинките кои го добија наредниот со 25-22.

Турчинките не се откажуваа и во следниот беа подобри со идентичен резултат (25-22), а последниот сет донесе големи возбудувања и драма по која Турција беше подобра со 15-13.

Најдобра во победничката репрезентација беше Мелиса Варгас со 41 поен, додека на спротивната страна Бошковиќ постигна 37 поени.