Тенискиот меч меѓу Марта Костјук и Викторија Азаренка заврши со победа на тенисерката од Белорусија, но не и со вообичаеното ракување на ривалките.
Украинката Костјук немаше шанси против фаворитката на мечот на Ју-Ес Опен, а по неговиот крај само го подаде рекетот како еден вид алтернатива за поздравување со Азаренка.
– Тоа беше моја одлука, не сакав да се поздравам.
For the armed forces of Ukraine 🇺🇦
Kostyuk-Azarenka handshake aka cold racquet tap pic.twitter.com/EJHCp22i19
— JB (@Brar_JSB) September 1, 2022
– Никогаш не дојде да ми каже што мисли за актуелниот конфликт. Немам ништо лично против неа, но сметам дека можеше да направи многу повеќе во овој период, посебно што е член на советот на ВТА, – изјавила Костјук.
Украинката открила дека и еден ден порано испратила смс порака до Азаренка, со која и најавила дека не планира да се ракува со неа.