Младата украинска атлетичарка, Јарослава Махучик даде изјава пред стартот на Светското првенство во Јуџин, во кое ги нападна руските колеги. Таа вели дека пред инвазијата на Русија над Украина имала добар однос со Марија Ласитскене, но дека војната во нејзината земја се променила.
Таа вели дека не сака да ги гледа „убијците“ на патеките на атлетските натпреварувања.
„Денот кога не нападна Русија се промени. Марија ми пиша дека не може да се натпреварува бидејќи е Русинка. Па нашите луѓе умираат бидејќи се Украинци. Ми рече дека не ја разбирам, но јас не знам како е можно да ја разберам. Не сакам да гледам убијци на натпреварите. Тие навистина се убијци бидејќи голем број спортисти ја поддржуваат војната“, изјави Махучик, пренесува ЕКИПА.
Светското првенство во Јуџин стартува утре, а руските атлетичари нема да бидат дел од него.