недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Валентино Роси се враќа на патеките

Валентино Роси се враќа на патеките

Легендарниот италијански мотоциклист Валентино Роси е именуван за фабрички возач на БМВ во Светскиот ГТ шампионат за автомобили, објави германскиот тим.

Роси (43) се повлече од Мото ГП шампионатот на крајот на минатата година. Тој минатата сезона возеше во Светскиот ГТ шампионат за тимот на WRT Audi.

Германските медиуми потсетуваат дека следната сезона WRT ќе соработува со БМВ, а Роси покрај трките на издржливост ќе учествува и на тестирање на автомобили.

– Нема потреба Роси да биде претставен. Како еден од најуспешните мотоциклисти на сите времиња, тој влезе во историјата. Неговите успеси на тркачката патека и неговата личност со право го направија жива легенда, изјави директорот на BMW Motorsport, Андреас Рос.

Роси (43) има освоено девет титули во три класи во мотоциклизам. Вкупно постигна 115 победи, а на подиумот беше 235 пати.