Ватерполистите на Грција го приредија најголемото изненадување низ досегашните натпревари на ватерполо-турнирот на ЛОИ победувајќи ја Унгарија со 10-9 во првото коло од Групата А.
Грците до победата ги водеше Јоанис Фунтулис со три гола, а Варга и Ердељи исто така со по три погодоци беа најдобри кај Унгарија.
Во истата група САД славеше против Јапонија со 15-13, благодарение на Алекс Бовен со пет гола.
Прва победа во Групата А запиша и репрезентацијата на Италија која беше убедлива против Јужна Африка со 21-2.
Црногорците во драматичен меч во Групата Б ја победија Австралија со 10-8, благодарение на третата четвртина која ја добија со 4-1. Во оваа група денеска се среќаваат уште Хрватска – Казахстан и Србија со Шпанија.