сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Велешки пливачки маратон 2022

Велешки пливачки маратон 2022

На велешкото езеро „Младост“ денеска ќе се одржи 9. Велешки пливачки маратон на 2,5 километри за рекреативци и за професионалци на два и пол, пет и на 10 километри. Како новина годинава е трката на 800 метри за деца до 12 години. Еден круг од патеката во езерото ќе биде во должина од 1250 метри.

Организатор е Општина Велес и Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ со повеќе спонзори, а под покровителство на Пливачката федерација на Македонија.

-За безбедноста на учесниците ќе се грижат 20 спасители на вода од Општинскиот Црвен крст од 30 кајакари од велешките кајак клубови. Досега се пријавиле 40-тина учесници од пливачките клубови во земјава и рекреативци, а учество најавиле и пливачи од Бугарија и Косово. Учеството на пливачи од Хрватска се уште е неизвесно, информира на денешната прес-конференција Или Попов од организацискиот одбор.

На маратонот, межудругите маратонци, ќе учествуваат и Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски. Регуларноста на пливачкиот маратон ќе ја следи и бодува Зоран Величковски судија на ПФМ.

Инаку оваа е последна четврта трка за бодување од македонскиот Куп во далечинско пливање.

Организаторот најави дека догодина 10 јубилеен Велешки пливачки маратон 2023 ќе биде дел од Европскиот куп во далечинско пливање, за што постапката била веќе започната.

Во својство на домаќин градоначалникот Марко Колев кој потенцира дека освен комуналната инфраструктура главни приоритети во неговата работа му се развој на културата и спортот ги повика сите заинтересирани во недела претпладне да ги проследат трките во пливање.

Стартот на Велешкиот пливачки маратон е во недела во 9 часот наутро на плажата пред Хотел „Романтик“ со маратонот од 2,5 километри за рекреативци.