Новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање почна денеска во австрискиот зимски центар Зелден со женскиот велеслалом во кој триумфираше Швајцарката Лара Гут-Бехрами.
Водечката по првото возење Федерика Брињоне од Италија на крајот заврши второпласирана со заостанување од две стотинки, додека на подиумот се искачи и Петра Влхова од Словачка, која зад Гут-Бехрами заостана 14 стотинки.
Првата фаворитка за освојување на големиот кристален глобус, Американката Микаела Шифрин, во премиерната трка сезонава го освои шестото место со заостанување зад победничката од 1:40 секунда.