петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Венус откажа, Серена неизвесна за турнирот во Вухан

Венус откажа, Серена неизвесна за турнирот во Вухан
Venus Williams, 4R, 26 January 2015

Американската тенисерка Венус Вилијамс го откажа учеството на турнирот на тврда подлога во кинескиот град Вухан следната недела.

38-годишната Американка го освои трофејот на овој турнир во 2015 година.

– Разочарана сум што ќе го пропуштам ваков голем турнир. Во оваа фаза од кариерата, сепак треба да го слушам моето тело, а за жал понекогаш тоа значи да донесувам тешки решение како ова, изјави повозрасната од сестрите Вилијамс.

Се уште не се знае дали 21-та тенисерка во светот воопшто ќе учествува на некој од азиските турнири кои претстојат.

Истото важи и за нејзината сестра Серена, која ретко игра овој период од сезоната.