среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Венус Вилијамс одби да се ракува со судијата по поразот на Вимблдон во првото коло

Венус Вилијамс одби да се ракува со судијата по поразот на Вимблдон во првото коло
епа

Американската тенисерка Венус Вилијамс не се ракуваше со судијата по поразот од Украинката Елина Свитолина во првото коло на Вимблдон – 4:6, 3:6.

Во финишот на мечот, по ударот на Свитолина, беше досуден аут, но по гледањето на видео репризата, бодот го доби Украинката, бидејќи топката сепак ја допре линијата во теренот.

Вилијамс одмавна со главата по поразот и го одби традиционалното ракување со судијата.

Во второто коло ривалка на Свитолина ќе биде Елис Мертенс од Белгија.