четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Верстапен: И самиот сум малку изненаден од мојата доминација

Верстапен: И самиот сум малку изненаден од мојата доминација

Возачот на екипата на Ред Бул, Макс Верстапен изјави ло денешната победа во трката за Големата награда на Австрија оти не очекувал толку лесно да дојде до триумфот.

– Да бидам искрен, ова е неверојатно, Болидот беше одличен. Секој нов комплет на гуми што ги стававме беа пријатни за возење. Помалку сум зачуден како минавме денеска, и самиот не очекував дека работите ќе се одвиваат во таква насока. Сите во екипата завршија одлична работа, изјави Верстапен.

Холанѓанецот попладнево ја оствари третата последователна победа во Формула 1 и вкупно петта сезонава со што ја зголеми предноста во генералниот пласман на 32 пред бранителот на титулата Луис Хамилтон, кој трката ја заврши на четвртото место. (МИА)