Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Ферстапен, кој лани во последниот круг од сезоната успеа да дојде до шампионската титула во „октанскиот циркус“, неодамна потпиша нов договор со Ред Бул вреден 50 милиони евра, ама во него има и „кукавичка“ клаузула.
Летечкиот Холанѓнец во новиот договор ставил клаузула која за многумина е кукавичка од причина што ако Ред Бул нема конкурентен болид, доволно добар за да се бори за шампионската титула, Ферстапен ќе може да си замине во секое време.
Клаузулата ја потврдил и тимскиот шеф на Ред Бул, Хелмут Марко.
„Ако имаме пад како во 2014 година кога немавме никакви шанси со Мерцедес, тогаш е јасно дека има клаузула за ‘бегање’“, рекол Марко.
Ферстапен имаше голем пех на стартот на сезоната каде победи Шарл Леклер од Ферари, кога му откажа болидот на неколку круга пред крајот, но потоа победи на второто гранпри во сезоната.