Возачите на Формула 1 се целосно подготвени за стартот на новата сезона.
Следниот месец започнува новата сезона во Формула 1, а титулата ќе ја брани возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој минатата сезона успеа да го симне Луис Хамилтон од тронот.
Екипите веќе претставија нови болиди и сигурно е дека и во новата сезона не очекуваат многу возбудувања.
Верстапен секојдневно се подготвува за стартот на новата сезона, а навивачите не се толку добро информирани како тренинзите на возачите во Формула 1.
Мора да бидат максимално подготвени да издржат и да бидат сконцентрирани во текот на целата трка, а тренирањето воопшто не е лесно, што најдобро покажува видеото кое го објави тимот на Ред Бул.
Ред Бул покажа какви тренинзи има Верстапен во теретана и колку труд и сила му треба за да биде целосно подготвен за стартот на сезоната.