петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Ѓоковиќ бесен по големата неправда, публиката со свирежи за судијата

ВИДЕО: Ѓоковиќ бесен по големата неправда, публиката со свирежи за судијата

Новак Ѓоковиќ и Мусети најверојатно утре ќе до доиграат осминафиналниот натпревар во Мастерсот во Монако. На стартот од третиот, одлучувачки сет, поради дожд средбата меѓу најдобриот српски тенисер и Италијанецот беше прекината.

Ноле одлично отвори и поведе со 1-0 во сетови, но Мусети изненади во вториот сет и експресно се врати во игра. Покрај борбената игра на двајцата тенисери, овој дуел го одбележа и една голема грешка на главниот судија, која беше на штета на Ѓоковиќ.

Имено, иако топката излезе во аут, и Новак Ѓоковиќ на секој начин се обидуваше да го убеди судијата дека е така, судијата и покрај прегледите на терен не ја промени одлуката и му додели поен на Италијанецот. Оваа одлука на судијата донесе свирежи од трибинит од страна на фановите на Ѓоковиќ.