сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ВИДЕО: Хаос на Вимблдон – Ѓоковиќ не сакаше да го продолжи мечот, инспекција влезе на теренот

ВИДЕО: Хаос на Вимблдон – Ѓоковиќ не сакаше да го продолжи мечот, инспекција влезе на теренот

Новак Ѓоковиќ оди по својата осма и рекордна титула на „Централниот терен“ во првото коло на Вимблдон против Аргентинецот Педро Кацин.

Српскиот тенисер одлично го отвори мечот, но дождот направи проблем при крајот на првиот сет.

Откако седумкратниот шампион на Вимблдон го освои првиот сет, натпреварот беше прекинат.

Организаторите веднаш наредиле да се затвори покривот, а од минута во минута се врши увид.

Во еден момент им дозволија на играчите да излезат на теренот за да го почувствуваат и проверат теренот, а Ѓоковиќ реши да не го продолжи натпреварот половина час по паузата.