Австриецот Маркус Шајрер преживеа кошмарен пад во четвртфиналето на сноуборд крос. Тој изгуби контрола по еден од последните скокови во својата 1/4-финална серија и приземји на грб, но сепак успеа да ја заврши трката.
Прегледите потоа покажале дека има скршена петтиот вратен пршлен, но тој ги движи своите екстремитети и нема да има посериозни пречки.
30-годишниот спортист ќе биде пренесен во Австрија, каде ќе помине посериозни прегледи.
Böser Sturz von Markus #Schairer im #Snowboard Boardercross. Halswirbelbruch, aber Ärzte befürchten keine Folgeschäden #PyeongChang2018 pic.twitter.com/iaptkStpYW
— Lukas Zahrer (@ZaraLuk) February 15, 2018