Австралискиот тенисер Ник Кирјос продолжува со контроверзното однесување. Тој изутринава на мечот со Русинот Хачанов, скрши два рекета.
Австралиецот загуби со 1-2, по сетови 7:6, 6:7 и 2:6 и вообичаено за него емотивно реагираше на несмасната и многуте свои грешки.
Во интервалот помеѓу вториот и третиот сет, Кирјос влезе во подтрибинскиот простор каде скрши два рекети. За ова тој беше казнет со еден бод.
По мечот, Австралиецот негодуваше кон судијата и плукна во негов правец.
За овие инциденти, Кирјос го очекува нова казна од надлежните во тенискиот спорт.