Француската лизгачка Габриела Пападакис доживеа голема непријатност кога за време на настапот со нејзиниот партнер Гијом Сизерон и се скина костимот, но и покрај тоа успеа да ја заврши точката.
Француската двојка заврши на второто место и утре ќе се натпреваруваат во конкуренција за олимписки медал.
– Веднаш почувствував штом се случи тоа. Тоа навистина е голем проблем, но си велев дека морам да продолжам. Ние двајцата на крајот имавме одличен настап, на кој можеме да бидеме горди без разлика на тоа што се случи, изјави Пападакис по настапот.
На ЗОИ во Пјонгчанг сличен ваков проблем имаше и корејската лизгачка Јури Мин.