Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Астана откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:3, 6:4.
Ова е втора титула во последните седум дена за Ѓоковиќ, а вкупно 90-та во кариерата.
UNSTOPPABLE! 🙌
The moment @DjokerNole defeated Tsitsipas to claim the #AstanaOpen and a fourth title of 2022.
✅ Rome
✅ Wimbledon
✅ Tel Aviv
✅ Astana pic.twitter.com/wCVqkAQM0o— Tennis TV (@TennisTV) October 9, 2022
Српскиот тенисер го доби првиот сет по само 32 минути игра, откако за првпат го одзеде сервисот на противникот со резултат 4:3.
Во вториот сет Ѓоковиќ направи брејк при резултат 2:2, а потоа оваа предност ја задржа до крајот на мечот со одлични сервиси.
Ова беше десетта средба на овие двајца тенисери и осма победа на Ѓоковиќ, седма во низа над шестиот играч на АТП листата.
Српскиот тенисер сезонава освои четири турнири, а освен во Астана победи и во Рим, Вимблдон и Тел Авив.