Американската лизгачка од јапонско потекло Мираи Нагасу на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг изведе троен аксел, елемент кој ретко се гледа во женска конкуренција.
Тоа е еден од најтешките елементи во овој спорт, а Нагасу стана првата Американка која го извела на зимските игри и трета лизгачка во историјата.
Иако тројниот аксел таа го изведе за време на тимското натпреварување, сепак тимот на САД дојде само до бронзата, додека Русите беа втори, а Канада е новиот шампион.