петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Виландер: Ѓоковиќ може да игра уште 10 години, Надал и Федерер…

Виландер: Ѓоковиќ може да игра уште 10 години, Надал и Федерер…
Roland Garros - Mats Wilander Suede

Поранешниот светски рекет број еден, Матс Виландер даде уште еден коментар, прогноза на тема Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер и Рафаел Надал, големата тројка која има освоено по 20 грен слем титули.

Новак со славјето на Вимблдон ги стигна Шпанецот и Швајцарецот, а до крајот на годинава може и да ги помине ако се избори за триумф на „Ју-Ес Опен“. Виландер верува дека Ноле уште долго да доминира, односно Рафа и Рожер едноставно нема да можат да го испратат до крај најдобриот ас на АТП листата.

-Кога ќе ги погледнете Федерер или Надал, ќе кажете „Добро, зошто не можат да траат уште година-две на тоа ниво? ‘ Потоа го гледате Новак и размислувате … „Ова момче може да издржи уште 10 години“, -вели Виландер.

-Новак е попаметен играч од порано. Кога Агаси започна да работи со него во 2017 година, тој призна дека е многу изненаден од фигурата на Ѓоковиќ и колку е посветен на секој натпревар и тренинг, рече Матс кој го искоментира и финалето на Вимблдон.

-Во тоа финале, тој можеше да победи со 6:3, 6:3, 6:3. Како можете да бидете толку доминантни на тревата и да ги немате сервисите на Пит Сампрас или Рожер Федерер? Мислам дека не стана подобар само во една работа, играта на мрежа. Неговата одбрана е неверојатна, тој точно знае каде треба да застане и како да се движи,-заврши Швеѓанецот.