Американската тенисерка Серена Вилијамс се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Таа вели дека имала голема желба да докажа дека се враќа на старите патеки.
– Се чувствувам одлично. Ова е само мојот четврти турнир по враќањето. Не чувствувам притисок да мора да победам. Јас сум тука за да докажам – се вратив. Чувствувам дека се приближувам до моето претходно ниво, но до посакуваната форма се уште има долг пат, изјави Вилијамс.
Во полуфиналето, Американката ќе се состане со германската тенисерка Јулија Гергес.