сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Вимблдон организира специјална церемонија за Федерер

Вимблдон организира специјална церемонија за Федерер

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер утре ќе се појави на централниот терен на Вимблдон на специјална церемонија на која организаторите ќе му оддадат почит за сите успеси кои ги постигна во својата кариера на лондонскиот грен – слем турнир.

Федерер осум пати го освојуваше Вимблдон, што е рекорд во поединечна машка конкуренција.

„Роџер утре ќе биде со нас и ќе имаме можност да му оддадеме почит за сè што направи тука“, изјави претседателката на Ол Ингланд клуб, Сели Болтон.

На церемонијата беше поканета и американската тенисерка Серена Вилијамс, но таа го откажа патувањето, бидејќи е бремена.

Серена Вилијамс седум пати триумфираше на Вимблдон, а професионалната кариера ја заврши минатата година.