сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Вингегор го освои Тур де Франс

Вингегор го освои Тур де Франс

Традицијата на Тур де Франс останува иста од година во година и 109-то издадние на најпрестижната велосипедска трка својот крај го имаше на Елисејските полиња, каде прв на завршната 21-ва етапа заврши Филипсен, но тоа не беше најважната вест.

Жестоката борба која се водеше во претходните 20 исрцпувачки етапи донесе нов шампион во Франција, бидејќи Данецот Јонас Вингегор пронајде лек за извонредниот Тадеј Погачар.

Словенецот беше најодбар на последните две изданија на Тур де Франс, па иако во оваа влезе како голем фаворит за хет-трик, сепак не дојде до такво нешто поради издржливоста и агресивниот пристап на планинските етапи од страна на 25-годишниот Данец.

Вингегор мирно пристигна на целта со жолтатат маичка и го оствари најголемиот успех во својата кариера, што е само потврда за напорната работа и континуитет бидејќи лани заврши на второто место во генералниот пласман