петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Волкановски доживеа тежок пораз од шампионот Дагестанецот Макачев (ВИДЕО)

Волкановски доживеа тежок пораз од шампионот Дагестанецот Макачев (ВИДЕО)

Љубителите на боречките вештини имаа можност да уживаат во вистински спектакл, кој се одржа во Абу Даби, во режија на најсилната и најпопуларна светска ММА промоција – UFC.

УФЦ 294 донесе грст интересни борби, а секако во центарот на вниманието беше новата борба меѓу Ислам Макачев и Алекс Волкановски.

Дуелот на двајцата шампиони, за титулата во „лесна“ категорија, која ја бранеше Дагестанецот, целосно ја оправда титулата „главен настан“.

Сепак, треба да се напомене дека оваа борба првично не била планирана за овој настан, со оглед на тоа што Макачев требаше да се бори со Оливеира.

Но, по една спаринг сесија Оливеира доби сериозна расекотина на лицето, мораше да го откаже мечот, а како замена влезе шампионот во „перо категорија“ Алекс Волкановски.

Што се однесува до самата борба, таа не траеше предолго. Волкановски издржа само три минути и шест секунди.

Од самиот почеток се чинеше дека Макачев е поодлучен и поагресивен, што на крајот се покажа.

Во средината на првата рунда Макачев „уфрли“ феноменален „хај-кик“, со кој го затресе и го зашемети Австралиецот кој има македонско потекло – Волкановски, а потоа му беше полесна работата. Тој скокна и со популарниот „чекан“ го заврши Алекс, кој не можеше да се врати во мечот. На крајот, судијата мораше да го прекине натпреварот и да му досуди сосема заслужена победа на Макачев.

Со тоа Макачев успешно го одбрани шампионскиот појас во „лесна“ категорија и покажа дека во моментов му нема рамен.