четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Воведни четвртфинални пресметки на Европското одбојкарско првенство

Воведни четвртфинални пресметки на Европското одбојкарско првенство

Со дуелите Словенија – Украина и Франција – Романија, кои се на програмата од 16:30 и 20 часот во Варна, денеска стартува четвртфиналето на Европското првенство во одбојка во машка конкуренција.

Преостанатите два четвртфинални натпревари ќе се играат утре во Бари во кои домаќинот Италија ќе се бори за место во полуфиналето против Холандија, а Полска против Србија.

Во двата последни осминафинални натпревари Полска синоќа ја совлада Белгија со 3:1 (25:16, 25:17, 23:25, 25:22), додека одбојкарите на Србија беа поуспешни од Чешка со 3:0 (25:21, 26:24, 25:21).

Финалето е на програмата на 16 септември во Рим.