четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Вознемирувачки сцени: Тенисерка се онесвести, не можеше да стои на нозе – ја изнесоа на количка (ВИДЕО)

Вознемирувачки сцени: Тенисерка се онесвести, не можеше да стои на нозе – ја изнесоа на количка (ВИДЕО)

Данската тенисерка Клара Таусон колабираше во осминафиналето на турнирот во Гуангжу и тоа во првиот гем од третиот сето против Јулија Путинцева.

Таа веднаш го откажа мечот, бидејќи веќе не можеше ниту да стои на нозе. Таусон само се струполи на земја во моментите кога требаше да сервира за да спаси брејк-топка, пишува Спорт 1.

Лекарскиот тим веднаш излета на терен, а многумина сметаат дека исклучително топлото време било причината за грчевите и за големата дехидрација. Тенисерката од Данска со количка беше изнесена од теренот.