Второпласираната тенисерка на Светската ранг листа најави бојкот на турнирот во Мајами следната сезона поради навредите и заканите на навивачите за време на натпреварот од 2.коло Моника Пуиг од Порторико.
Данската тенисерка конечната одлука ќе ја донесе следната година пред почетокот на натпреварот.
– Неколку дена по завршувањето на натпреварот спиев страшно и се чувствував многу лошо. Тенисот се смета за одличен спорт, семеен спорт за сите генерации, каде што има прекрасни навивачи и традиции. Но, она што се случи во Мајами беше страшно. Се надевам дека ова нема да се случи повторно. Играв со Елена Докич во Австралија, и имаше одлични гледачи. Иако ја поддржуваа, тие се однесуваа со почит. Тоа треба да биде така секаде, изјави Вознијацки.
Во Мајами, внукот и внуката кои имаат по 10 години, плачеа по мечот. Морав да им објаснам дека ова не е нормално, а луѓето не треба да се однесуваат на овој начин. Морам да одлучам дали следната година ќе се вратам во Мајами или не? Сега не можам да дадам точен одговор, додаде данската тенисерка.
27-годишната Вознијацки загуби од Пуиг во 2.коло на ВТА турнирот кој во март се играше на Мајами, Флорида. Порториканката живее на Флорида и се чувствува како дома кога игра во Мајами. Таа има голема поддршка од навивачите. За време на мечот со неа, Вознијацки и нејзиното семејство добиваа смртни закани и навреди, а обезбедувањето не реагираше.
(Mиа)