среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Втор триумф за Ал Атијах, Ван Беверен изненади кај мотоциклистите

Втор триумф за Ал Атијах, Ван Беверен изненади кај мотоциклистите

Минатогодишниот победник на релито „Дакар“, Насер Ал-Атијах (Тојота) ја забележа втората етапна победа, бидејќи беше најбрз на петтата етапа од натпреварувањето во Саудиска Арабија.

Како и во средата, така и денеска натпреварувачите возеа околу градот Хаила, а од 646 поминати километри, 375 километри беа во формат на специјални тестови.

Катарецот, кој забележа четири победи на „Дакар“, тестовите ги помина за 4 часа, 13 минути и 23 секунди, надминувајќи го Шпанецот Карлос Саинц во Ауди за една минута и 57 секунди.

Третата позиција му припадна на друг возач на „Ауди“, Французинот Стефан Петерхансел, кој заостана 3:44 минути зад победникот.

Победникот на вчерашната етапа Французинот Себастиен Леб (Продрив БРХ) загуби дополнителни 20 минути откако се преврте во една од дините.

Повеќекратниот рели шампипн на крајот заврши со деветто време со 19:58 минути заостанување зад Ал-Атијах.