понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Втора победа на Гранеруд на новогодишната турнеја „Четри скокалници“

Втора победа на Гранеруд на новогодишната турнеја „Четри скокалници“
Новогодишната турнеја во скијачки скокови „четири Новогодишни скокалници“, продолжи во германскиот Гармиш-партенкирхен.
Како и пред три дена во Оберсдорф, така и денеска, најдобар беше Халвор Егнер Гранеруд.
Младиот Норвежанец беше единствениот кој во двете серии имаше фантастични скокови. Вр првата долета до границиата од 140 метри, а во втората до 142 што беше повеќе од доволно да ја оствари својата втора победа на турнејата.
Зад него завршија Словенецот, Анже Ланишек и Давид Кубацки од Полска, кој останува лидер во генералниот поредок во Светскио куп.
По ова натпреварувачите се селат во австриските центри, Инсбрук и Бишсховен каде ќе се натпреваруваат на 4 и 6 јануари.