Одбојкарките на Јанта Волеј вечерва забележаа победа над Работнички со 3:1 во вториот дуел од финалето на плејофот во македонскиот шампионат.
Домаќинките го добија првиот сет со 25:19, Работнички возврати во вториот со 25:20, во третиот беше 25:19 за Јанта Волеј, а четвртиот заврши со убедливи 25:13.
Следниот натпревар е закажан за в петок, домаќин ќе биде Работничи. Во случај на победа на тимот од Кисела Вода серијата ќе заврши со максимални 3:0, а во случај на победа на Работнички серијата ќе се врати повторно во Кисела Вода.
Вечер од 21 часот почнува и финалето во машка конкуренција. Во него ќе се соочат Струмиц а и Шкендија. (МИА)