сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Втора титула за Осака на Австралија Опен

Втора титула за Осака на Австралија Опен

Јапонската тенисерка Наоми Осака победи на годишново издание на Австралија Опен, совладувајќи ја денеска во финалето Американката Џенифер Брејди со 2:0 во сетови (6:4, 6:3).

На Осака и беа потребни еден час и 19 минути да ја освои втората титула во својата кариера на грен-слем турнирот во Мелбурн.

Јапонката сервираше десет асови, а Брејди два, Осака имаше 16 винери и 24 двојни грешки, додека Американката направи 31 двојна грешка во финалниот натпревар.

За Осака ова беше четврто грен-слем финале и четврти триумф, по победите во Мелбурн во 2019, и освојувањето на US Open, во 2018 и 2020 година.

Во машкото финале на „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн, утре ќе играат најдобриот светски тенисер, Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Данил Медведев. (МИА)