петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

За 16 стотинки го урна светскиот рекорд и освои злато

За 16 стотинки го урна светскиот рекорд и освои злато

Татјана Шонмејкер е победничка во пливачката дициплина 200 метри градно откако во финалето постави светски рекорд со време од 2:18.95 минути, што е за 16 стотинки побрзо од времето на Рике Педерсен од 2013 година.

Јужноафриканката го освои првиот златен медал за својата земја на овие Олимписки игри, додека на пиедесталот се најдоа уште Лили Кинг од САД со освоен сребрен медал, како и нејзината бронзена сонародничка Ени Лејзор.