среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

За Македонија со цело срце: Дејан Георгиевски освои златен медал, чекор поблиску до Токио 2020

За Македонија со цело срце: Дејан Георгиевски освои златен медал, чекор поблиску до Токио 2020

Златното момче Дејан Георгиевски повторно со златен медал, на  Г1 светскиот куп, мулти европското првенство во Софија 2019-та.

Овој силен светски куп, Дејан го освојува две години по ред.

Силен Г1 турнир со над 2000 натпреварувачи од цел свет.

Дејан имаше три борби и три ефективни победи со доминација.

-прва борба против гркот Атанасиос Димотракопулус со 30:1

-втора борба против бразилецот Гуилхерме Цезрио Феликс со 16:10

-трета борба против русинот Олег Кузнетцов со 17:9

Нови бодови за Токио 2020 нов голем успех за македонското таеквондо, уште еден СВЕТСКИ КУП Г1 Е ОСВОЕН.

И другите македонски претставници имаа добри настапи. Анамарија Георгиевска успеа да победи прво коло против Русинката Екатерина Митрофанова, но загуби второ коло.

Другите загубија прво коло,  но сите со одлични борби и тесен резултат.

„За МАКЕДОНИЈА, СО ЦЕЛО СРЦЕ“, порача нивниот тренер Дарко Костовски кој за овие одлични резултати информираше преку својот Фејсбук профил.