четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

За првпат во историјата на Вимблдон, жена ќе го суди машкото финалето

За првпат во историјата на Вимблдон, жена ќе го суди машкото финалето

Последниот натпревар на Грен слемот во Лондон во сингл за мажи, ќе го суди жена за првпат во историјата, објави на Твитер новинарот Михал Самулски.

Финалниот меч на Вимблдон 2021 е доделен на судијката Марија Чичак од Хрватска.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и Италијанецот Матео Беретини ќе се сретнат во мечот за престижниот трофеј.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 15 часот.