четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

За што разговарале Новак и Кејт: Ноле ѝ поставил едно прашање на војвотката, и предизвикал насмевки на лицата на присутните

За што разговарале Новак и Кејт: Ноле ѝ поставил едно прашање на војвотката, и предизвикал насмевки на лицата на присутните

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е шампион на Вимблдон, а по победата над Матео Беретини, се сретна со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.

Пред да го подигне победничкиот трофеј, по освојувањето на 20-от Грен слем во неговата кариера, тој се сретна со војвотката од Кембриџ, која внимателно го следеше финалето на Вимблдон.

„Мило ми е што повторно се гледаме“, му рекла војвотката на Новак, за што тој ѝ се заблагодарил и џентлментски ѝ возвратил дека задоволството е негово.

Во разговорот со Кејт Мидлтон, тој се осврнал на новите услови на Вимблдон поради пандемијата на коронавирусот, но исто така додал дека сите се трудат да извлечат максимум од ситуацијата.

Кејт е позната како голема љубителка на тенисот и самата честопати игра тенис, што Новак не заборавил да ја праша.

„Како ви оди со тенисот деновиве?“, прашал шампионот на Вимблдон.

„Малку потешко. Секој пат кога ќе зграпчам рекетот и ќе почнам да играм, одеднаш околу мене се појавуваат децата кои и самите сакаат да играат. Но, тоа е навистина одлично“, низ смеа изјавила војвотката, на која очигледно ѝ се допаднало ова прашање.

„Тоа е прекрасно“, се согласил Ноле и ѝ се заблагодарил за гледањето на натпреварот.

„Ви благодарам што бевте тука. Сѐ најдобро за вас и за вашето семејство“, рекол Новак, а Кејт му го посакала истото со широка насмевка.

„Поздравете го многу семејството и сѐ најдобро.“

ФОТО: РТС