вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Забранет настап на Беноа Пер на ОИ во Токио

Француската тениска федерација објави дека на 35. тенисер на АТП листата Беноа Пер му е забрането учество на Олимписките игри во Токио.

Пер нема да биде вклучен во делегацијата на Франција за олимпискиот тениски турнир поради несоодветно однесување.

Предлогот да се донесе ваква драстична одлука го даде новиот технички директор на Француската тениска федерација, Никола Ескуд, во договор со селекторот на француската Дејвис куп репрезентација, Себастијан Грожан.

Однесувањето на Пер беше под посебна контрола откако беше казнет на турнирите во Буенос Аирес и Монте Карло за плукање.