вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Започнуваат возбудувањата на последниот овосезонски Грен слем

Започнуваат возбудувањата на последниот овосезонски Грен слем

Вечерва започнуваа возбудувањата на последниот овосезонски Грен слем. Трофејот од турнирот во Њујорк е престиж за секој тенисер, а оваа година терените на „Артур Еш“ ќе бидат без учеството на великаните – Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Двајцата големи шампиони поради повреди ги откажаа своите настапи на УС Опен, па сега се поставува прашањето кој ќе биде јунакот кој ќе му застане на патот на Новак Ѓоковиќ до нов Грен слем трофеј.

Српскиот ас има одлична сезона, триумфираше на Австралија Опен, Ронал Гарос и Вимблдон, но на УС Опен отпатува по неуспешната авантура на Летните олимписки игри во Токио, каде беше сопран од Александар Зверев во полуфиналето.