недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Заштитните маски се враќаат на Џиро ди Италија

Заштитните маски се враќаат на Џиро ди Италија

Поради раст на бројот заразени со коронавирусот организаторите на велосипедската трка Џиро д’Италија одлучија да ги заострат правилата за време на тестирањата, вклучувајќи и задолжително носење заштитни маски.

Досега шест велосипедисти пред време ја напуштија трката поради позитивен тест на Ковид-19. Меѓу нив беше и Белгиецот Ремко Евенепол, кој беше во водството по првите девет етапи на Џиро д’Италија.

„Прерано се опуштивме“, рече директорот на трката Мауро Вењи во изјава за италијанските медиуми.

„Оваа недела враќаме некои од ограничувањата кои беа укинати, како обврската за носење маски на местата каде доаѓате во контакт со возачите. Дали ова требаше да го воведеме порано? Веројатно да“, додаде првиот човек на Џиро д’Италија.